Брнабиќ: Во прашање е одржување на седница на Одборот за култура и информации за иницијативата за РЕМ
Белград, 28 април 2025 (МИА) - Сериозно е доведено во прашање одржувањето на седницата на Одборот за култура и информации каде требаше да биде прифатена иницијативата на опозицијата за суспендирање на тековниот процес за избор на Совет на РЕМ и за распишување конкурс за нов, јави МИА од Белград.
Брнабиќ рече дека идејата бил таа одлука да биде уште еден начин за отворање дијалог, за подадена рака, за заедничка работа.
„Разговаравме за ова во текот на викендот и денеска во раните утрински часови се додека ова не почна да се одвива, прво во Ниш, потоа во Нови Сад. Ова одвратно насилство, монструозно насилство, што буквално го згрозува секој нормален човек во Србија, а таа одлука всушност беше наменета да биде уште еден начин да се отвори дијалог, да се подаде рака, да се работи заедно, а потоа гледате дека ништо од тоа не им е важно“, рече Брнабиќ.
Како што рече таа, наместо да ги смират тензиите, блокадите ги ескалираа тензиите.
Седницата на тој Одбор требаше да почне во 15 часот, но засега нема информации дека тоа и ќе се случи денеска. зш/
фото ЕПА