• среда, 15 мај 2024

Борел предупреди дека на северот на Појасот Газа има целосен глад

Борел предупреди дека на северот на Појасот Газа има целосен глад

Брисел, 6 мај 2024 (МИА) – Високиот претставник на Европската унија (ЕУ) за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, изјави дека на северот на Појасот Газа настанал целосен глад и оти гладот сега му се заканува и на југот.

Во апелот на социјалните мрежи, Борел повика на „итен хуманитарен прекин на огнот“.

Тој нагласи дека резолуцијата 2728 на Советот за безбедност на Обединетите нации треба целосно и веднаш да се спроведе.

- Итно е потребен прекин на огнот за да се ослободат затворениците и да се обезбеди помош за гладните луѓе, рече Борел.

Тој потсети дека Израел „има обврска да обезбеди целосен, безбеден, брз и непречен пристап до хуманитарна помош во голем обем“.

Борел исто така ги осуди ракетните напади на Хамас и Исламски џихад врз регионот Керем Шалом во јужен Израел. јт/

Остани поврзан