• четврток, 19 декември 2024

Матуш Шутај Ешток: Нападот врз Фицо е политички мотивиран

Матуш Шутај Ешток: Нападот врз Фицо е политички мотивиран

Братислава, 15 мај 2024 (МИА) - Обидот за атентат врз словачкиот премиер Роберт Фицо има „политички мотив“, изјави вечерва министерот за внатрешни работи Матуш Шутај Ешток во болницата во Банска Бистрица, каде што Фицо (59) беше опериран, јави ДПА.

Неговата состојба се оценува како животно загрозувачка.

Борејќи се солзите, министерот за одбрана Роберт Калинак, исто така, ја нарече состојбата на Фицо „исклучително сериозна“. Калинак е еден од замениците на Фицо во партијата и владата.

Според информациите на ТВ каналот ТА3, напаѓач е Јурај Ц., поранешен вработен во приватна фирма за обезбедување.

И покрај ембаргото за информации, радиодифузерот можеше да добие видео снимка од болницата. Во неа, осомничениот напаѓач со зашеметен поглед кажа: „Не се согласувам со владината политика“.

Со нејасен говор, тој како конкретен пример го наведе владиниот план за затворање на јавната радио и телевизија РТВС, против која илјадници луѓе демонстрираат со недели.

Словачкиот министер за внатрешни работи најави зголемена полициска заштита за политичарите и новинарите. Истовремено, тој ги повика медиумите, политичарите од сите табори и јавноста да престанат да „поттикнуваат омраза против политичките противници на социјалните мрежи“.

Претседателот Зузана Чапутова веќе изрази слични ставови.

Лидерот на либералната опозиција Михал Шимечка вечерва ги откажа сите планирани политички акции на неопределен период.

-Ова, исто така, важи и за демонстрациите против владата во Братислава планирани за вечерва, изјави тој за новинарите во словачкиот Парламент.

Собраниската седница закажана за денеска веќе беше одложена на неопределено време, пренесе ДПА. сд/

фото:ЕПА

Остани поврзан