• вторник, 25 јуни 2024

Бернардо Силва може да ги пропушти претстојните натпревари на Манчестер сити поради повреда добиена на натпреварот со Црвена ѕвезда

Бернардо Силва може да ги пропушти претстојните натпревари на Манчестер сити поради повреда добиена на натпреварот со Црвена ѕвезда

Манчестер, 20 септември 2023 (МИА) - Тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола информира за повредата на играчот од средниот ред на тимот, Бернардо Силва.

 

- Сè уште не сум разговарал со лекарите, но се чини дека тој нема да може да учествува во следните натпревари, изјави Гвардиола.

 

Силва се повреди синоќа на натпреварот од 1. коло од групната фаза на Лигата на шампионите против Црвена звезда (3:1) и беше заменет во 44. минута од натпреварот.

 

Во следното коло тимот на Гвардиола ќе гостува кај Лајпциг. Натпреварот ќе се одигра на 4 октомври. Во Премиер лигата граѓаните на 23 септември ќе го пречекаат Нотингем, а на 27 ќе играат со Њукасл во англискиот Лига куп. зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан