• сабота, 18 мај 2024

Без вода утре дел од Карпош

Без вода утре дел од Карпош

Скопје, 17 март 2024 (МИА) - Поради отстранување дефект на приклучна водоводна цевка на улицата „Софиска“ број 19, прекинато водоснабдување утре ќе имаат корисниците од оваа улица во општина Карпош, информираат денеска од Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје.

Според информацијата добиена од ЈП „Водовод и канализација“, вода ќе нема од девет часот сѐ до завршување со интервенцијата. бд/аа/

Фото: МИА архива

Остани поврзан