• понеделник, 15 декември 2025

Барселона прв клуб во Ла Лига последните две децении кој се врати по 0:2 во 81. минута од натпреварот

Барселона прв клуб во Ла Лига последните две децении кој се врати по 0:2 во 81. минута од натпреварот

Барселона, 24 септември 2023 (МИА) – Барселона вчеравечер на домашен терен ја победи Селта со 3:2 во натпреварот од 6. коло на шпанското фудбалско првенство. Каталонците победија, иако до 81. минута губеа со резултат 0:2.

 

Така, Барселона стана првиот клуб во шпанскиот шампионат по 22 години кој направил пресврт, губејќи со два гола разлика во 81. минута.

 

Последен пат Атлетик Билбао направи ваков резултатски пресврт во ноември 2001 година, совладувајќи ја Селта (3:2).

 

Барселона има 16 бодови и е на првото место во поредокот во Ла Лига. Реал Мадрид има 15 бода и еден натпревар помалку. зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан