• понеделник, 15 декември 2025

Ајатолахот Хамнеи им порача на Иранците да не покажуваат слабост пред непријателот

Ајатолахот Хамнеи им порача на Иранците да не покажуваат слабост пред непријателот

Техеран, 19 јуни 2025 (МИА) – Додека продолжуваат израелските напади врз Иран, врховниот лидер ајатолахот Али Хамнеи му порача на граѓаните „да не покажуваат слабост пред непријателот“.

- Ако непријателот почувствува дека се плашите, нема да ве пушти. Продолжете самоуверено да се однесувате како до сега, продолжете по тој пат со одлучност, објави Хамнеи на Икс.

Претходно, израелскиот министер за одбрана Израел Кац истакна дека ајатолахот Хамнеи „не може да продолжи да постои“. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан