• понеделник, 15 јули 2024

Ангелов: Продолжува да гори пожарот на планината Серта, гаснењето продолжува утре

Ангелов: Продолжува да гори пожарот на планината Серта, гаснењето продолжува утре

Неготино, 14 јули 2024 (МИА) - Продолжува да гори пожарот на планината Серта, гаснењето продолжува, утре изутрина  ќе се гасне со хеликоптери и со ер трактори на Дирекцијата за заштита и спасување. Ова вечерва го истакна директорот на ЦУК Стојанче Ангелов. 

- Продолжува да гори. За жал не успеваме да воспоставиме контрола над него. Теренот е исклучително лош, има многу трња, многу грмушки, многу густ терен, испресечен со долови. Високата температура и ветерот што го менува правецот, дополнително го отежнува гаснењето, појасни тој. 

Рано утрово се гаснело со еден полициски хеликоптер, веднаш потоа и со два армиски хеликоптери, а нешто  подоцна со два ер трактори на Дирекцијата за заштита и спасување. 

Но покрај тоа, за жал, огнот повторно бил активен.

- Војската е активна на терен. Сто и три војника активно учествуваат во гаснењето, како и 30 припадници на МВР, локални противпожарни сили од Неготино и Кавадарци, доброволци, додаде Ангелов. Пожарот на Серта избувна во средата околу 10.30 часот. свд/нд/

Фото: МИА 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан