• понеделник, 23 декември 2024

Уставен суд: Дел од реакцијата на Здружението на судиите не соодвествува со уставната, правната и судската култура

Уставен суд: Дел од реакцијата на Здружението на судиите не соодвествува со уставната, правната и судската култура

Скопје, 15 јули 2024 (МИА) - Одлуките на Уставниот суд се конечни и извршни, велат од Судот во врска со реакцијата на Здружението на судиите за отфрлената иницијатива за платите на судиите.

Судот како заштитник на слободата на мислата и на јавното изразување на мислата, како што се посочува во соопштението од Уставниот суд, ги поддржува размислувањата и дебатите во јавноста и особено се добредојдени сите реакции кои содржат издржана правна квалификација. 

- Одлуките на Уставниот суд се конечни и извршни. Судот по предметната иницијатива одлучи, но дел од реакцијата на Здружението на судиите не соодвествува со уставната, правната и судската култура кои се од исклучително значење за враќањето на угледот и на довербата на граѓаните во правосудниот систем и воопшто во институциите на системот, истакнуваат од Уставниот суд.

Здружението на судии денеска испрати реакција до медиумите за одлуката на Уставниот суд донесена во мај со која беа отфрлени иницијативите поднесени од Здружението на судиите и Судскиот совет за поништување на одредбите од Законот за плати на судии.

 - Отфрлањето на иницијативата за поништување на одредбите од  Законот за плати на судии, кој е донесен на 29 февруари 2024 година, а почнува да се применува ретроактивно од 1 февруари 2024 година, е скандалозно,  неприфатливо и defacto го урива правниот систем  на државата, се наведва во денешното соопштение од Здружението на судии.

Здружението на судии бара од Уставниот да постапува согласно неговите надлежности предвидени во највисокиот правен акт, а во спротивно, како што велат ќе поведат постапка пред Европскиот суд за човекови права, пред се заради заштита на законитоста и правата и слободите на граѓаните. дма/са/

Фото: МИА архива

Остани поврзан