• понеделник, 23 декември 2024

Изградба на нова улица и пешачка патека покрај новото училиште во општина Илинден

Изградба на нова улица и пешачка патека покрај новото училиште во општина Илинден

Скопје, 15 јули 2024

Општина Илинден отпочна со изградба на улица н„6“ во локалната економска зона Ограѓе, во населба Илинден. Оваа Улица претставува сервисна улица со која се поврзува новото подрачно основно училиште „Гоце Делчев“ во н.Илинден како и Домот за стари лица кој е во интензивна градба.

Со градежните работи на терен ќе се изврши изградба и асфалтирање со двослоен асфалтен слој на улицата која е во должина од 120 метри и широчина 5,5 метри, како и ќе се изградат пешачки патеки од двете страни на улицата, со
широчина од 2,5 метри. Дополнително ќе се изврши одводнување на атмосферските води од коловозот на улицата.

Градоначалникот Александар Георгиевски направи увид на градежните работи за изградба на улицата и информираше дека работните активности се одвиваат со предвидената динамика, а оваа улица е од големо значење за функционалноста на подрачното училиште и стопанските субјекти кои се наоѓаат во овој дел на населба Илинден.

Дополнително градоначалникот Георгиевски истакна дека е особено задоволен што овој проект се реализира во соработка со компанијата АДОРА ИНЖЕНЕРИНГ Скопје, која како општествено одговорна компанија учествува во реализација во градежните работи на терен.

Целосното завршување на градежните активности на улицата се планира да бидат завршени до крајот на месец јули.
Покрај увидот на градежните работи за улицата, градоначалникот Георгиевски го посети и Домот за стари лица, кој се наоѓа веднаш до новото училиште и го гради компанијата АДОРА ИНЖЕНЕРИНГ. Овој Дом за стари лица се гради според највисоки стандарди за ваков тип на објекти, а неговите корисници ќе имаат најмодерни услови за престој, се очекува да биде пуштен во
употреба до крајот на годината.

Општина Илинден и во наредниот период ќе продолжи да реализира проекти за подобрување на локалната патна инфраструктура како еден од главните приоритети за локален економски развој на Општината. 

 

Општина Илинден 

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан