Ангажирани сме со поддршка на Албанија за нејзината европска интеграција, рече претседателката на бугарскиот Парламент, Наталија Киселова
- Ова е веста, која денеска ја избра МИА од сервисот на Бугарската телеграфска агенција (БТА), согласно Договорот за размена на информации и професионална соработка, кој предвидува секој ден националните информативни агенции на Северна Македонија и Бугарија да разменуваат по една вест, која ќе ја објават на својот интернет сајт без промени со изрично посочување и цитирање на партнерот како извор.
Софија, 10 јули 2025 (МИА)/БТА) – Ќе бидеме ангажирани со поддршка на албанската страна во секој аспект од нивната европска интеграција. Ова го изјави претседателката на Народното собрание, Наталија Киселова, по средбата со нејзината колешка од Албанија, Елиса Спиропали, која е во официјална посета на Бугарија.
Ова е веста, која денеска ја избра МИА од сервисот на Бугарската телеграфска агенција (БТА), согласно Договорот за размена на информации и професионална соработка, кој предвидува секој ден националните информативни агенции на Северна Македонија и Бугарија да разменуваат по една вест, која ќе ја објават на својот интернет сајт без промени со изрично посочување и цитирање на партнерот како извор.
- Разбирањето на бугарската држава е дека секоја држава од Западен Балкан треба да биде дел од Европската Унија врз свои сопствени основи и со постигнување на копенхашките критериуми, истакна Киселова.
Наталија Киселова нагласи дека официјалната посета на Елиса Спиропали на Бугарија вклучува и средби со премиерот Росен Жељазков и претседателот Румен Радев, што, според неа, е институционален одговор на бугарската држава за интеграцијата на Западен Балкан.
Наталија Киселова исто така истакна дека двете земји одржуваат одлични меѓусебни односи.
- За прв пат во мандатот на 51. Народно собрание имаме гостин претседател на национален парламент. Посетата на претседателката на албанскиот парламент е значајна за бугарската држава. Елиса Спиропали е тука за да ја покажеме големата важност што бугарската држава ѝ ја придава на интеграцијата на Западен Балкан во Европската Унија и желбата на бугарската држава да ѝ помогне на секоја земја која сака да стане полноправна членка на Европската Унија, нагласи претседателката на бугарскиот парламент.
- Албанија е земја која е шампион во европската интеграција. Таа отвори 24 од 31 преговарачки поглавја и има желба до крајот на годината да ги отвори сите, посочи Киселова.
Според неа, секоја земја што сака да биде дел од Унијата мора да има сопствени достигнувања и да работи на интеграција, одговарајќи на копенхашките критериуми.
Посетата на Елиса Спиропали доаѓа само еден ден откако беа објавени податоци за извештајот за напредокот на Република Северна Македонија. „Ова е знак за сите во Бугарија како ќе работиме и понатаму со сите држави од Западен Балкан“, истакна Наталија Киселова.
Претседателките на двата парламента разменија подароци, а Елиса Спиропали треба да ја посети и пленарната сала на бугарското законодавно тело.
Денеска во 15:00 часот, претседателките на двата парламента ќе учествуваат на форум на ПанЕвропа во Централниот воен клуб, каде што Спиропали ќе има излагање.
________________________________________________________________________________________________________________________________
Медиумската информативна агенција овие текстови ги објавува во оригинална форма, согласно Договорот за размена на информации и професионална соработка меѓу двете национални новински агенции МИА и БТА.