• петок, 12 јули 2024

Авионско прскање против комарци во Скопје на 12 и 13 јули

Авионско прскање против комарци во Скопје на 12 и 13 јули

Скопје, 11 јули 2024 (МИА) - Град Скопје соопшти дека на 12 и на 13 јули (петок и сабота)  во раните утрински часови ќе се реализира авионска дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против возрасни форми на комарци. 

Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, ќе се прска првиот нареден ден, кога ќе бидат поволни временските услови, во истиот термин.

Градските власти апелираат пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.са/

Фото: МИА архива

 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан