• сабота, 13 јули 2024

Министерката Божиновска се сретна со градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков

Министерката Божиновска се сретна со градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков

Скопје, 12 јули 2024 (МИА) - Министерката Сања Божиновска, во рамките на активностите со претставници на општините, a во насока на презентирање на приоритетите на новото Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини, денеска имаше работна средба со градоначалникот на општина Охрид, Кирил Пецаков, соопшти нејзиниот кабинет.

За време на средбата беше потпишан меморандум за соработка помеѓу Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини и Општина Охрид, со кој се исцртуваат правците на соработка меѓу двете двете институции во наредниот период. 
 
Согласно Меморандумот, министерството и Општина Охрид изразуваат подготвеност за меѓусебна соработка, помош и поддршка во областите од заеднички интерес, а особено во делот на зголемувањето на енергетската ефикасност на јавните објекти, домаќинствата и индустријата, промовирањето на зелена транзиција преку градење капацитети, вештини и зголемување на свеста, размена на искуства, податоци и обуки за вработените. 
 
Меѓу останатото, за време на разговорот беше разгледана можноста, на јавните претпријатија од Општина Охрид, кои се во групата големи потрошувачи на електрична енергија, да им се понуди електрична енергија произведена од енергетските капацитети кои се во сопственост на државата, за што во претстојниот период треба да се направат дополнителни консултации и анализи. 
 
Потпишаниот меморандум е прв од ваков вид, а активностите ќе продолжат и во иднина со останатите општини во државата со цел да се намали непродуктивното искористување на енергетските ресурси од страна на локалните власти, со што всушност ќе се намалат и трошоците за граѓаните, се невдува во соопштението од кабинетот на Божиновска.са/

 

Остани поврзан