• недела, 22 декември 2024

Активни уште две жаришта од големиот пожар на Огражден, се очекува вклучување и на армиски хеликоптер

Активни уште две жаришта од големиот пожар на Огражден, се очекува вклучување и на армиски хеликоптер

Струмица, 12 јули 2024 (МИА) - Активни се уште две жаришта од големиот пожар на планината Огражден, на територијата на Општина Ново Село, на македонско-бугарската граница.

Според информацијата од Центарот за управување со кризи (ЦУК), врз пожарот се дејствува на две жаришта кои се уште се активни, а се очекува по 18 часот покрај полицискиот да се вклучи и армиски хеликоптер.

Пожарот избувнал завчера попладне на планината Огражден, над селото Бадилен во граничниот појас со Бугарија.

Според информацијата од ТППЕ Струмица, пожарот зафатил околу 20 хектари нискостеблеста дабова и борова шума.

Пожарот се гасне и од бугарската страна на границата и со градежна машина е направен пристапен пат за да може да се движи теренско против пожарно возило за да го гасне пожарот. рт/вг/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан