• четврток, 21 ноември 2024

Системите на УЈП за електронска наплата утринава не работеа, од 11:30 се повторно во функција

Системите на УЈП за електронска наплата утринава не работеа, од 11:30 се повторно во функција

Скопје, 12 јули 2024 (МИА) - Управата за јавни приходи информира дека денеска поради опожарување на оптички кабли кај повеќе телекомуникациски оператори, меѓу кои и операторот кој обезбедува услуга за интернет симетричен пристап на УЈП,  системите за електронски услуги не беа достапни во периодот од 07:40 до 11:30 часот.

-Овој технички проблем е надминат и системите на УЈП се достапни за реализација на Вашите права и обрвски кои ги остварувате преку истите, се наведува во соопштението од УЈП. дма/са/

Фото: МИА архива

Остани поврзан