Земјотрес почувствуван во Струмица и околината
- Земјотрес со Рихтерова локална магнитуда ML2.0. и со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала е почувствуван вечерва во 20 часот и 41 минута во Струмица и во околината.

Скопје, 19 март 2025 (МИА) - Земјотрес со Рихтерова локална магнитуда ML2.0. и со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала е почувствуван вечерва во 20 часот и 41 минута во Струмица и во околината.
- Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, во 20 часот и 41 минути регистрираше уште еден земјотрес чиј епицентар потекнува од епицентралното подрачје Струмица, на 118 км југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда ML2.0, информираат од Сеизмолошката опсерваторија. мд/сст/
Фото: МИА архива