• недела, 30 јуни 2024

Абазовиќ: Изненаден сум од предлогот за министер за одбрана, го поддржувам Кривокапиќ

Абазовиќ: Изненаден сум од предлогот за министер за одбрана, го поддржувам Кривокапиќ
Подгорица, 5 ноември 2020 (МИА) - Лидерот на граѓанското движење УРА, Дритан Абазовиќ вечерва изјави дека е изненаден што е предложен за министер за одбрана, бидејќи мандатарот Здравко Кривокапиќ нема „посебна обврска“ кон него или кон коалицијата „Црно на бело“. Абазовиќ рече дека мандатарот доколку смета дека тој може да помогне, подготвен е да се жртвува, но и дека би бил задоволен од своето место во Парламентот, пренесува Вијести. - Нема да бидам пречка ако некој го оспори мојот избор. Другите две опции се исто така прифатливи за мене, рече Абазовиќ по средбата со мандатарот Здравко Кривокапиќ. Како што рече, тој лично ќе има корекции во врска со составот на владата, додавајќи дека не се почитуваат сите принципи, но дека го поддржува Кривокапиќ. Според него, коалицијата на која и припаѓа наскоро ќе одлучи за понудата на владата. паг/

Остани поврзан