• понеделник, 06 мај 2024

Полскиот парламент го реформира Уставниот трибунал

Полскиот парламент го реформира Уставниот трибунал

Варшава, 24 април 2024 (МИА) - Полските пратеници почнаа дебата за реформирање на Уставниот трибунал, откако претходната влада ги смени функциите на институцијата.

Критичарите на минатите реформи тврдат дека тие ја поткопале независноста на судството. Новите реформи се услов кој го постави ЕУ да добие милијарди евра од европските фондови.

Брисел одлучи да ги ослободи блокираните средства, иако владата на проевропскиот премиер Доналд Туск не ги заврши потребните реформи.

Уставниот трибунал беше клучна тема по прашањето за судската власт за претходната Влада на партијата „Право и правда“. Функцијата на овој суд е да одлучува за законитоста на донесените закони. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан