• петок, 22 ноември 2024

Хамас ја презеде одговорноста за нападот на преминот меѓу Израел и Газа

Хамас ја презеде одговорноста за нападот на преминот меѓу Израел и Газа

Газа, 5 мај 2024 (МИА) – Вооруженото крило на палестинската милитантна група Хамас, Бригадите Ал Касам, ја презеде одговорноста за денешниот напад на преминот Керем Шалом меѓу Израел и Газа, во кој, според извештаите на израелските и палестинските медиуми, загинаа неколку лица.

Израелската армија соопшти дека од Рафа, во јужниот дел на Појасот Газа кон преминот биле истрелани 10 ракети. Во соопштението се наведува дека преминот сега е затворен за камиони кои превезуваат хуманитарна помош во енклавата, додека другите премини остануваат отворени.

Хамас потврди дека истрелал ракети врз базата во близина на Керем Шалом, но не соопшти од каде биле истрелани проектилите. Медиумите блиски до Хамас цитираа извор кој вели дека комерцијалниот премин не бил целта. јт/

Фото: ЕПА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан