Вирусот мпокс се заканува да се прошири низ целиот свет
- Мпокс е вирусна инфекција која е типична за делови од Африка и се шири преку контакт со заразени животни, како и меѓу членовите на семејството, а се карактеризира со висока температура и појава на гнојни плускавци.
![Вирусот мпокс се заканува да се прошири низ целиот свет](https://new.mia.mk/images/20240627121552_big_730x400_34.webp )
Лондон, 27 јуни 2024 (МИА) - Мпокс е вирусна инфекција која е типична за делови од Африка и се шири преку контакт со заразени животни, како и меѓу членовите на семејството, а се карактеризира со висока температура и појава на гнојни плускавци.
Светската здравствена организација (СЗО) на крајот на минатата година прогласи аларм поради големата епидемија на мпокс, порано позната како мајмунски сипаници, во Демократска Република Конго, но и во целиот свет.
Новооткриениот вид на вирусот, кој некои научници го опишуваат како најопасен досега, се заканува да се прошири надвор од Конго во соседните земји како Руанда, Бурунди и Уганда, пишува Економист.
Иако многу е непознато за овој вид, предавачот на Универзитетот во Руанда, Жан-Клод Удахемука, наведува дека смртноста од него е околу пет проценти кај возрасните и десет проценти кај децата. Овој вид на вирус се пренесува на поинаков начин и во голема мерка ги погодува децата.
На 25 јуни, СЗО ја нагласи итната потреба за справување со порастот на случаите на мпокс во Африка. рп/
Фото: МИА архива