• четврток, 04 јули 2024

Љутков за албанските медиуми: Ова се денови на македонската култура во Пустец, Албанија

Љутков за албанските медиуми: Ова се денови на македонската култура во Пустец, Албанија

Дебар, 2 јуни 2024 (МИА) - Министерот за култура и туризам Зоран Љутков при вчерашната посета на селото Глобочани во Мала Преспа, каде го отвори 19. издание на  фестивалот Македонско културно лето" одговораше на новинарски прашања, поврзани со пописот во Албанија, според чии резултати видно е намален бројот на Македонците.


-Не сум информиран како бил спроведен пописот во Албанија, но ова е дипломатски проблем, оставив на албанската држава да разговара и ние ќе дадеме свое мислење. Индивидуално право на секој граѓанин е да се изразува како што мисли и на крајот ќе оставиме државните институции да го кажат последниот збор, рекол Љутков, објави Ора њуз.

Според телевизијата, на прашањето дали активноста што се организира во Глобочани е активност и за бугарските граѓани и за оние кои се во процес на вадење на бугарски пасоши, тој одговорил дека „речиси секој овде, секогаш бил информиран  дека ова се денови на македонската култура во општина Пустец, Албанија". 

- Ние, како Министерство за култура на РСМ нагласуваме дека скоро секоја година во последниве 19 години се одржуваат „Деновите на македонската култура во Преспа, Албанија“, бидејќи културата ги обединува луѓето, Македонците, Албанците итн., одговорил министерот Љутков.

Инаку, на пописот што се одржа во Албанија од 18 септември до 30 октомври, а во неколку рурални подрачја до 15 ноември 2023 година, според податоците на албанскиот Институт за статистика, ИНСТАТ, како Македонци биле попишани 2281 наспроти 2011 година кога биле 5.512 Македонци. Македонската партија и здруженијата не ги признаа резултатите од двата пописа.

За разлика од Македонците како Бугари се попишани 7.957 лица.

Ова беше 12.попис, првиот бил  спроведен во 1923 година, при што во сите 11 пописи како Бугарин не е регистрирано ниту едно лице. вт /цр

Фото: принтскрин

Остани поврзан