• понеделник, 23 декември 2024

Средба на министерот Муцунски со нерезидентната амбасадорка на Израел, Симона Франкел

Средба на министерот Муцунски со нерезидентната амбасадорка на Израел, Симона Франкел

Скопје, 3 јули 2024 (МИА) - Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски денеска се сретнал со нерезидентната амбасадорка на Државата Израел, Симона Франкел, соопштија од МНР.

Муцунски на средбата информирал за приоритетите во работата на новата влада со акцент на реформите за забрзување на евроинтегративните процеси на земјата.

Како што стои во соопштението, соговорниците се осврнале на билатералната соработка, начините за нејзино унапредување и натамошно зајакнување на пријателските врски меѓу двете земји.

Министерот Муцунски потенцирал дека остануваме посветени на зачувување на сеќавањето на Холокаустот на Евреите од земјава и нивното историско и културно наследство. цр/ев/

Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан