• недела, 19 мај 2024

Јужнокорејскиот министер за надворешни работи во посета на Кина

Јужнокорејскиот министер за надворешни работи во посета на Кина

Сеул, 10 мај 2024 (МИА) – Министерот за надворешни работи на Јужна Кореја Чо Тае Јул в понеделник ќе отпатува во Кина, во прва посета на јужнокорејски главен дипломат на соседна Кина по повеќе од шест години.

Чо ќе престојува во Пекинг во понеделник и вторник на покана на неговиот кинески колега Ванг Ји, соопшти денеска Министерството за надворешни работи во Сеул.

Како што пренесе ДПА, агендата на состанокот ќе се фокусира на планираниот самит со Јапонија, како и на теми од регионално и глобално значење.

Посетата се смета за заеднички напор од двете страни за зајакнување на нивните односи.

Кинескиот амбасадор во Јужна Кореја минатата година го обвини Сеул дека повеќе се свртува кон САД и се оддалечува од Кина, што предизвика гнев кај јужнокорејската влада.

Јужна Кореја, Јапонија и Кина во моментов го подготвуваат својот прв заеднички самит по пет години. јт/

Фото: ЕПА

Остани поврзан