• понеделник, 01 јули 2024

Вахиди: Хеликоптерот принудно слета

Вахиди: Хеликоптерот принудно слета

Техеран, 19 мај 2024 (МИА) – Иранскиот министер за внатрешни работи Ахмад Вахиди изјави дека еден од хеликоптерите од конвојот со кој патуваше претседателот на Иран, Ебрахим Раиси, „трвдо слета“, а кон местото на инцидентот испратени се спасувачки екипи.

- Хеликоптерот принудно слета поради лошите временски услови. Ќе биде потребно време за спасувачките тимови да стигнат до местото на несреќата. Контактиравме со придружниците на претседателот, но комуникацијата е отежната и немаме точни информации, посочи Вахиди.

Претходно претставник на Иранската Црвена полумесечина, Бабак Махмуди изјави дека се испратени дронови кои ќе помогнат во лоцирање на хеликоптерот.

- Дронови на Црвената полумесечина и спасувачките тимови се распоредени на локацијата. Ние, исто така, истражуваме што се случило. Извештаите укажуваат дека имало несреќа и сите екипи треба да бидат на местото на настанот за да извршат увид, додаде Махмуди.

Во меѓувреме, Иранската државна телевизија почна да емитува молитва за претседателот. Додека иранската новинска агенција Фарс ги повика Иранците да се молат за Раиси.

Конвојот на претседателот се состоеше од три хеликоптери. Во другите две летала се превезувале други ирански функционери, меѓу кои и министерот за надворешни работи Хосеин Амирабдолахиан и гувернерот на иранската провинција Источен Азербејџан.

Раиси патувал во Источен Азербејџан, а инцидентот се случи во близина на градот Џолф, во близина на границата со Азербејџан, на околу 600 километри северозападно од главниот град на Иран, Техеран. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан