• вторник, 02 јули 2024

Демонстрации во Франција по објавувањето на прелиминарните резултати од парламентарните избори

Демонстрации во Франција по објавувањето на прелиминарните резултати од парламентарните избори

Париз, 1 јули 2024 (МИА) - Демонстрации против француската крајнодесничарска партија Национален собир, повикани од крајната левица, доцна синоќа се претворија во судири со полицијата и немири во центарот на Лион, јавија француските медиуми.

Левицата повика на демонстрации откако беше обкавено дека Националниот собир води во првиот круг од парламентарните избори со околу 34 отсто освоени гласови.

Демонстрации имало и во Рен и Рије-ле-Папу, а се известува и дека имало немири во париското предградие Бобињи.

Вториот круг од вонредните парламентарни избори ќе се одржи на 7 јули.зш/

Остани поврзан