• сабота, 02 ноември 2024

Нетанјаху: Израел напредува кон елиминација на терористичката војска на Хамас

Нетанјаху: Израел напредува кон елиминација на терористичката војска на Хамас

Тел Авив, 1 јули 2024 (МИА) - Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел „напредува кон елиминација на терористичката војска на Хамас“.

Обраќајќи се пред студентите на Националниот колеџ за одбрана, Нетанјаху рече дека следува продолжување на напорите за победа над преостанатите сили на Хамас, пренесуваат израелските медиуми.

Тој додаде дека интензивната фаза на борбата во Рафа се приближува кон крајот и ја истакна важноста на постигнување на сите цели во војната: враќање на заложниците, спречување на Хамас да владее со Газа или да ја контролира воено, како и спречување да биде закана за Израел.

Нетанјаху тврди дека е посветен на враќање на жителите на јужните и северните погранични населби кои не можеа безбедно да живеат во своите домови по нападот на Хамас на југот на Израел на 7 октомври минатата година кога започна војната во Газа и прекуграничните судири со либанскиот Хезболах.

Предавањето на израелскиот премиер беше посетено од странски студенти од Германија, Јапонија, Италија, Чешка и Кореја, пренесуваат израелските медиуми. ссм/

фото: архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан