• петок, 22 ноември 2024

Јувентус нема да го продолжи договорот со Ди Марија, променета стратегијата на клубот

Јувентус нема да го продолжи договорот со Ди Марија, променета стратегијата на клубот

Торино, 25 мај 2023 (МИА) - Анхел Ди Марија ќе го напушти Јувентус. Договорот на аргентинскиот играч за врска со клубот е со важност до крајот на тековната сезона. Страните преговараа за продолжување на договорот.

 

Сепак, според „Goal“, трансфер стратегијата на „Старата дама“ е променета. Јувентус одлучи да одбие да ја продолжи соработката со Анхел.

 

Триесет и петгодишниот Ди Марија му се приклучи на Јуве летото 2022 година. Во Серија А одигра 24 натпревари на кои постигна по четири гола и исто толку асистенции. зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан