• недела, 22 декември 2024

Јаничиќ е МВП на шампионатот во Скопје

Јаничиќ е МВП на шампионатот во Скопје

Скопје, 5 август 2024 (МИА) – Капитенот на македонската кошаркарска репрезентација, Никола Јаничиќ е прогласен за најкорисен играч на Европското првенство од Дивизијата „Б“ кое синоќа заврши во во Скопје.

Селекторите на 22-те селекции на собирот на јуниорите од Дивизијата „Б“ одлучија Македонецот да го понесе признанието МВП.

Јаничиќ беше одличен и во финалниот натпревар одигран синоќа во кој Македонија беше подобра од Австрија, и промовирана во шампион на Европското првенство за кошаркари „Под 18“ години.

Реализираше 30 поени, пет скока, четири асистенции, исто толку освени и три загубени топки, сето тоа за индекс 31. зс/

Фото: КФСМ

Остани поврзан