• петок, 26 април 2024

Јакимовски: Децидно сум против бирање на претседател во Собрание!

Јакимовски:  Децидно сум против бирање на претседател во Собрание!

16 април 2024

Претседателот на државата, неговата сила и функција мора да извира од граѓаните. Ако извира од партиите, тие и ќе му ја земаат силата, вели претседателскиот кандидат Стевчо  Јакимовски во вчерашното гостување во „360 степени“ на МРТ1.

- Децидно сум против бирање на претседател во Собрание, нагласи Јакимовски.

Според него ДУИ кога не знае што да каже се фаќа за руски влијанија.

- Балансерот нема врска со руски влијанија и тој е пробиен веќе одамна, бројот на Албанци во администрацијата е далеку над тој број утврден со Балнсерот и сметам дека не само Балансерот, туку и дека мора да прекинеме со партиски вработувања, вели Јакимовски кој додаде дека плитиката треба да ги тргне рацете од образованието, здравството и безбедносните структури.

Јакимовски: Не планирам да не се пласирам во вториот круг, а во вториот круг обично јас победувам!

Катаден ја служам професорката Силјановска дека била член на Венецијанската комисија, но не кажува дека тоа е на предлог на Владата. Ајде да дојде тука и да разговараме, да дебатираме, вели во вчерашното гостување во „360 степени“ претседателскиот кандидат Стевчо Јакимовски.

Според Јакимовски мора да има дебата меѓу претседателските кадидати бидејќи има предлог да се избришат Македонците од Уставот, излегување на Македонија од Отворен Балкан и слично.

- Не планирам да не се пласирам во вториот круг, а во вториот круг обично јас победувам. Нека размислуваат овие кои бегаат од дебатите дали ќе се најдат во вториот круг, додава Јакимовски кој вели дека народот сака храбри кандидати, не такви кои бегаат од дебати. - Ако имате плашлив претседател во кампања, ќе имате и плашлив претседател кој ќе седне во столчето под падините на Водно, вели Јакимовски.

ГРОМ

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан