• сабота, 04 мај 2024

Град Скопје: Засадени 180 дрвја на булеварот „8 Септември“ во општината Карпош

Град Скопје: Засадени 180 дрвја на булеварот „8 Септември“ во општината Карпош

Скопје, 26 април 2024

Градоначалничката Данела Арсовска со скопското јавно претпријатие „Паркови и зеленило“  и АД Стопанска банка Скопје во заедничка еко акција засадија 180 дрвја на булеварот 8 Септември во општината Карпош.

Град Скопје продолжува со реализацијата на бројни активности на зазеленување со дрвја и садници на целата територија на градот, со цел уредување нови зелени површини, како еден од приоритетите од програмата за Модерно Скопје. Зелените површини, зелените коридори и парковите играат голема улога во зачувувањето на здравјето на луѓето.  Општествено одговорните компании со еко заложби и континуирана поддршка учествуваат во зазеленувањето на јавните површини во Скопје, со цел заштита и унапредување на животната средина.


Во текот на изминатиот период, градоначалничката Арсовска заедно со ученици од скопските средни училишта засадија над 1000 дрвја и садници во парк шумата Гази Баба и Водно, а се реализираше и голема акција за садење и уредување на зелените коридори по скопските булевари.

 

Одделение за односи со јавност

Град Скопје

___________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: Град Скопје

Остани поврзан