• недела, 12 мај 2024

Доделување на државната награда „Гоце Делчев“

Доделување на државната награда „Гоце Делчев“

Скопје, 4 мај 2024 (МИА) - Во Собранието на Северна Македонија денеска напладне ќе биде доделена наградата „Гоце Делчев“ за 2024 година за особено значајни остварувања во областа на науката.

Според Одборот за доделување на државната награда „Гоце Делчев“, годинашни добитници на престижната државна награда се проф. д-р Роберт Хадсон и проф. д-р Иван Додовски за делото „Долга транзиција на Македонија: од независноста до Преспанскиот договор и потоа“ и д-р Ана Мартиноска и м-р Жарко Иванов за делото „Тажачки песни од скопскиот земјотрес во 1963г.“(од архивските материјали на Васил Хаџиманов).

Наградата „Гоце Делчев“ првпат беше доделена во 1949 година, а прв добитник беше истакнатиот македонски книжевен културен работник академик поет прозеист есеист Блаже Конески. фф/бак/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан