• сабота, 27 јули 2024

Се одржа „Халк Еко Скопје Трча 10км“, Ивановски прв во машка конкуренција, Поп Арсова освои национален рекорд

Се одржа „Халк Еко Скопје Трча 10км“,  Ивановски прв во машка конкуренција, Поп Арсова освои национален рекорд

Скопје, 12 мај 2024 (МИА) - Денеска се одржа 8. издание на „Халк Еко Скопје Трча 10км“, а 1650 натпреварувачи застанаа на стартната линија. Прво место во машка конкуренција освои Дарио Ивановски, додека во женска конукренција прва до финишот стигна Адријана Поп Арсова, со што освои национален рекорд.

Како што соопштија организаторите, благодарение на учесниците на трката, како и на посетителите кои им даваа силна поддршка и гласни аплаузи, „Халк Еко Скопје Трча 10км“ и оваа година покажа дека спортскиот дух обединува, сплотува и го подигнува расположението на неверојатно ниво.

На трката со 10 километри, првите 5 места во машка и женска конкуренција ќе бидат парично наградени со вкупен награден фонд од 160.000 денари и дополнителни вредносни награди. Пехари ќе добијат и најдобо рангираните во старосни категории и најбрзите пријавени екипи.

Организатор на трката е Сојузот на спортови на Скопје, во соработка со А.К. Скопски Маратон, А.К.Работнички, додека покровител е Град Скопје.

Патеката на „Халк Еко Скопје Трча 10км“ е измерена и сертифицирана од страна на овластено лице од АИМС и Светска Атлетика.

Организаторите на настанот им искажуваат голема благодарност на сите учесници, како и на волонтерите за денешното динамично, енергично и масовно издание на „Халк Еко Скопје Трча 10км“ 2024 година. цр/

Фото: Организатор на трката

Остани поврзан