Баерн понуди 20 милиони евра за Та
- Баерн Минхен испрати втора понуда до Баер Леверкузен за дефанзивецот Џонатан Та, пренесува „Кикер“.
Минхен, 27 јули 2024 (МИА) - Баерн Минхен испрати втора понуда до Баер Леверкузен за дефанзивецот Џонатан Та, пренесува „Кикер“.
Според германскиот весник, клубот од Минхен е подготвен да плати 20 милиони евра за 28-годишниот Германец. Може да се платат и дополнителни пет милиони евра во форма на бонуси.
Актуелниот договор на играчот со Леверкузен е на уште една година, а тој не планира да го продолжи договорот со надеж дека ќе замине во Баерн.
Во сезоната 2023/24, Та настапи на 48 натпревари во сите натпреварувања, постигна шест голови и една асистенција. зс/
Фото: ЕПА