• понеделник, 23 декември 2024

Ѓорческа победнички стартуваше на фјучерсот во Рим

Ѓорческа победнички стартуваше на фјучерсот во Рим

Рим, 12 јули 2023 (МИА) – Македонската тенисерка Лина Ѓорческа со победа го почна настапот на фјучерс турнирот во Рим, совладувајќи ја денеска Италијанката Лаура Маир (764 место ВТА) со 2-0 во сетови (6-3, 7-6(5)).

Во следното коло Ѓорческа ќе игра против Жибек Куламбаева од Казахстан, која со 2-1 во сетови беше оуспешна од квалификантката Аника Јашкова од Словачка.

Куламбаева има 23 години и се наоѓа на 435. место на ВТА листата.

Наградниот фонд на фјучерсот во Рим изнесува 60.000 долари. ег/дма/

Фото: МТФ

Остани поврзан