• петок, 02 август 2024

Ѓоковиќ – Циципас, прва четвртфинална двојка на Олимпијадата во Париз

Ѓоковиќ – Циципас, прва четвртфинална двојка на Олимпијадата во Париз

Париз, 31 јули 2024 (МИА) – Првиот носител Новак Ѓоковиќ и осмиот фаворит Стефанос Циципас ја формираа првата двојка за четвртфиналната фаза на Олимписките игри во Париз.

Ова е епилогот по првите два денешни натпревари на тенискиот олимписки турнир.

Србинот беше поуспешен од Доминик Кефер од Германија со 7:5 и 6:3.

Грчкиот тенисер славеше победа над Себастијан баез од Аргентина со 7:5 и 6:1.

Мечот Ѓоковиќ – Циципас е закажан за утре. зс/

Фото. ЕПА

Остани поврзан