• среда, 25 декември 2024

Ѓоковиќ го победи Циципас и се пласираше во полуфиналето на Олимпијадата

Ѓоковиќ го победи Циципас и се пласираше во полуфиналето на Олимпијадата

Париз, 1 август 2024 (МИА) - Србинот Новак Ѓоковиќ вечерва го победи Гркот Стефанос Циципас во четвртфиналето на турнирот во сингл на Олимпијадата 2024 година со 6:3 и 7:6 (7:3).

Мечот траеше два часа.

Ѓоковиќ се врати од 2:5 во вториот сет, спаси и три сет топки при резултат 4:5 во корист на Циципас. Србинот реализираше 3 од 6 брејк топки во текот на играта Гркот имаше 2 од 6.

Вториот светски рекет во полуфиналето на Олимписките игри ќе игра со Лоренцо Мусети од Италија.

Другата полуфинална двојка ја сочинуваат Карлос Алкараз (Шпанија) и Феликс Оже-Алисијам. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан