• петок, 22 ноември 2024

Шеф на ЦИА: Западот не треба да се плаши од руските нуклеарни закани

Шеф на ЦИА: Западот не треба да се плаши од руските нуклеарни закани

Лондон, 8 септември 2024 (МИА) - Директорот на американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА), Вилијам Барнс, изјави дека Западот не треба да се плаши од руските закани за употреба на нуклеарно оружје и најави нови предлози за примирје во Појасот Газа во наредните денови.

Барнс, на настан во Лондон организиран од Financial Times, истакна дека ризикот од ескалација не треба да се потценува, но и дека нема причина за страв.

„Путин е насилник и ќе продолжи да заканува. САД ќе ја продолжат да ја даваат својата поддршка на Украина“, изјави синоќа Барнс.

Тој рече дека САД ги игнорирале руските закани за употреба на нуклеарни бомби во есента 2022 година, кога руските сили беа принудени да го напуштат Херсон, но набргу потоа беше формирана линија на фронтот, пишува денеска Гардијан.

Тој рече дека тогаш, американски претседател Џо Бајден го испратил за да достави директно предупредување за последиците од таа ескалација на Сергеј Наришкин, шефот на руската надворешна разузнавачка служба, на состанокот во Турција во ноември 2022 година.

Белата куќа до сега не сакаше да дозволи употреба на проектили „Storm Shadow“ и други ракети со долг дострел во Русија, како што се американско производство Atacms, и покрај постојаните барања на украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Барнс, исто така, изрази загриженост за можноста Иран да и испорача балистичка ракета на Русија, но не потврди дали ЦИА верува дека тоа веќе се случило.

Директорот на ЦИА рече дека САД напорно работат на нови предлози за прекин на огнот во Газа, со нови „текстови и креативни формули“. Новиот план, кој е дизајниран со помош на посредници од Катар и Египет, ќе се појави „во следните неколку дена“, повтори тој. 

Барнс додаде дека не е познато дали израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и лидерот на Хамас Јахја Синвар се подготвени да склучат договор за примирје и враќање на израелските заложници.

Шефот на ЦИА оцени дека во последните 11 месеци Израел успеал да уништи голем дел од воените капацитети на Хамас, но дека групата се уште постои бидејќи не е само „движење, туку и идеја“.

Тој предложи „да се убие идејата со подобра идеја“, давајќи им на Палестинците долгорочна надеж, пишува Гардијан. ссм/

фото:принтскрин 

 

Остани поврзан