• петок, 26 јули 2024

Шефицата на шведскиот Пензиски фонд поднесе оставка седум дена по преземањето на функцијата

Шефицата на шведскиот Пензиски фонд поднесе оставка седум дена по преземањето на функцијата

Стокхолм, 4 март 2024 (МИА) - Претседателката на Шведскиот пензиски фонд Алекта Карина Акерстром поднесе оставка само една недела по преземањето на функцијата, соопшти фондот.

„Жалиме што Карина Акерстром ја измени проценката дека може да биде претседателка на одборот и што одлучи да поднесе оставка“, рече претседателот на комисијата за именување, Кенет Бенгтсон.

Најголемиот Шведски пензиски фонд не ја наведе причината за оставката на Акерстром, соопштувајќи дека, според нив, нема конфликт на интереси што не може да се реши со вообичаената процедура. Акерстром не одговори веднаш на прашањето за коментар за оставката.

Алекта најави дека претседателската должност ќе ја извршува Јан-Олоф Јацке, кој во ноември привремено беше назначен на таа должност, по оставката на Ингрид Бонда поради загуби на вложувањата во американските банки „Фрст Рипаблик“, Силикон Вејли“ и „Сигнејчр“ и во домашната компанија за недвижности „Хеимстаден Бостад“. рп/

Фото: ЕПА

Остани поврзан