• недела, 17 ноември 2024

Париската полиција соопшти дека сите гледачи влегле на трибините, нема инциденти

Париската полиција соопшти дека сите гледачи влегле на трибините, нема инциденти

Париз, 26 јули 2024 (МИА) – Сите гледачи на церемонијата на отворањето на Олимписките игри влегоа на трибините покрај брегот на Сена и не беа пријавени инциденти, соопшти париската полиција.

Повеќе од 320.000 гледачи ја следат церемонијата на трибините, на стоечките трибини кои се бесплатни и на трибините за седење, а на почетокот на церемонијата не беше пријавен инцидент, соопшти полициската централа.

Организирана за прв пат надвор од стадион, церемонијата на отворање на Олимписките игри како грандиозна речна парада која се протега на шест километри од реката и ќе трае речиси четири часа, почна во 19 часот и 30 минути.

Целиот настан го обезбедуваат 45.000 полицајци и жандарми, како и 10.000 војници. јт/

Фото: ЕПА

Остани поврзан