• среда, 03 јули 2024

Швајцарците го повлекуваат пченкарното брашно од Србија, откриен микотоксин фумонизин во недозволена количина

Швајцарците го повлекуваат пченкарното брашно од Србија, откриен микотоксин фумонизин во недозволена количина

Белград, 2 јули 2024 (МИА) - Швајцарија го повлекува од пазарот жолтото и белото пченкарно брашно со потекло од Србија поради недозволено количество на микотоксинот фумонизим, соопшти европскиот систем за брза тревога и информации за храна РАСФФ.

Како што јави дописникот на МИА од Белград, според веб-страницита на РАСФФ дозволената количината на овој микотоксин е 1000 µg/kg - ppb (илјада микрограми на килограм).

-Во примерокот од брашно земен на 12 март годинава од Србија, откриено е присуство на микотоксин фумонизим во поголема количина од дозволеното: во белото брашно изнесуваше 1388 мг/кг, а во жолтото брашно 1585 мг/кг, што преставува 38 отсто, т.е. 58 проценти повеќе од дозволената сума, соопштија од РАСФФ.

Ризикот од користење на овој производ е оценет како „потенцијално сериозен“ и производот е отповикан од потрошувачите.

Фумонизините припаѓаат на групата микотоксини кои синтетизираат Fusarium. Најчесто ги има на пченката и производите од пченка, јачменот, пченицата и овесот, се наведува на веб-страницата на Институтот за јавно здравје во Суботица.

Кај човечката популација, постои сомнеж дека неговиот токсичен ефект предизвикува тумор на хранопроводникот. Со оглед на токсичното и канцерогеното дејство на ова соединение, според класификацијата IARC, тој е класифициран како потенцијален канцероген за човекот. об/ссм/

Остани поврзан