• понеделник, 20 мај 2024

Член на ЦДУ користел нацистички поздрав и сам ја напуштил партијата

Член на ЦДУ користел нацистички поздрав и сам ја напуштил партијата

Берлин, 12 јуни 2020 (МИА) - Членот на владејачката Христијанско-демократска унија (ЦДУ) Каи Мехлис денеска сам ја напушти партијата, откако беше соочен со исфрлање од неа поради поврзаност со екстремната десница и употреба на забранетиот нацистички поздрав „Sieg Heil“.

Мехлис е обвинет дека во порака на социјалните мрежи во 2016 година напишал „Sieg Heil“, извик кој го користеле нацистите. Користењето на фразата е забрането во Германија и се казнува со парична или затворска казна.
- Во ЦДУ такви изрази се недозволени, изјави Холгер Стахнехт, вршител на должност претседател на ЦДУ за сојузната покраина Саска-Анхалт. Партијата против Мехлис покрена постапка за исфрлање од нејзините редови, но тој денеска сам ја напушти. Употребата на „Seig Heil“, кој се нарекува „Германски поздрав“ и „Хитлеров поздрав“, како и други нацистички симболи, се казнува и до пет години затвор. Забранети се и други варијанти на тој поздрав, како „Испраќам Германски поздрав“. гт/

Остани поврзан