• среда, 18 декември 2024

Шпанија го повлекува својот амбасадор во Аргентина по контроверзната изјава на претседателот Милеи

Шпанија го повлекува својот амбасадор во Аргентина по контроверзната изјава на претседателот Милеи

Мадрид, 19 мај 2024 – Владата на Шпанија денеска соопшти дека го повлекува амбасадорот од Аргентина поради тоа што аргентинскиот претседател Хавиер Милеи ја „навреди Шпанија“ и премиерот Педро Санчез за време на говорот во Мадрид.

Шефот на шпанската дипломатија Хозе Мануел Албарез изјави дека Шпанија бара јавно извинување од аргентинскиот претседател, по неговата изјава за сопругата на шпанскиот премиер.

Милеи денеска учествуваше на конгресот „Европа вива 24“ организиран од шпанската екстремно десничарска партија Вокс, на која беше почесен гостин. Тој ја обвини сопругата на Санчез, Бегоња дека е „корумпирана“, иако не го спомна нејзиното име.

- Светските елити не разбираат колку може да биде деструктивно спроведувањето на идеите на социјализмот. Тие не знаат каков тип на општество и земја може да произведе тоа и типот на луѓе кои се држат до власта и нивото на злоупотреба што тоа може да го генерира … А кога имаш корумпирана сопруга, се валкаш и ти требаат пет дена да размислиш за тоа, наведе Милеи.

Тој алудираше на неодамнешната одлука на Санчез да ги прекине сите активности и да се повлече на пет дена за да размисли за можна оставка, бидејќи шпанското правосудство отвори прелиминарна истрага против неговата сопруга за трговија со влијание и корупција. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан