• петок, 17 мај 2024

Честитка од Бигорскиот манастир и градоначалниците Куртовски и Дука по повод Илинден

Честитка од Бигорскиот манастир и градоначалниците Куртовски и Дука по повод Илинден

Дебар, 2 август 2023 (МИА) - По повод Илинден честитки упатија Бигорската свештена обител, како и градоначалниците на Маврово и Ростуше и на Дебар, Медат Куртовски и Хекуран Дука.

-Честит Илинден! Од Бога Благослов. На многаја лета, возљубена наша татковино! Се зборовите содржани во честитката на Бигорската свештена обител, по повод денот на двата Илиндена.

Во соборниот храм на свештената Бигорска обител попладнево ќе се одржи свечен чин на Доксологија – Молитва за Татковината.

Претпладнево Света архијерејска Литургија се одржа во прекрасниот преродбенски храм на Светиот Великомаченик Георгиј Победоносец во селото Лазарополе, на која чиноначалствуваше Неговото Преосвештенство епископот Партениј Антаниски, Игумен на Бигорскиот манастир.

- На овој ден, кога се поставени темелите на македонската независност и сувереност, посакувам со заеднички сили, да се стремиме кон надминување на превизвиците, со цел поголеми демократски придобивки и праведно општество, за економски постабилна и попросперитетна европска иднина за сите нас, стои во честитката на градоначалникот Куртовски.

Во оваа општина, во која припаѓа и Бигорскиот манастир, Илинден посебно, се одбележува во селата Битуше и Лазарополе, каде традиционално се некогашните жители и нивните потомци.

Во лично име и во име на Советот и администрацијата на општина Дебар големиот празник Илинден го честиташе  градоначалникот Хекуран Дука. вт/дма/


Фото: Бигорски манастир

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан