Чествувањe на Бадник во Куманово
- Голем број деца со ѕвездички во рацете и пеејќи ја песната „Вечниот бог“ се движеа низ кумановските улици и ја пееја пиесата „Вечниот бог“ најавувајќи го Христовото раѓање и големиот празник Божиќ
Куманово, 6 јануари 2024 (МИА) - Голем број деца со ѕвездички во рацете и пеејќи ја песната „Вечниот бог“ се движеа низ кумановските улици и ја пееја пиесата „Вечниот бог“ најавувајќи го Христовото раѓање и големиот празник Божиќ. Децата се движеа на кумановските улици. Нив ги поздравија кумановци, а од локалната власт добија пакетчиња.
-Мило ми е што Занаетчисиот дом е преполн со деца очекувам наредната годишна уште повеќе и традицијата се практикува од најмали нозе, особено поздрав до родителите и организаторите, рече претседателката на совет Ивана Ѓорѓиевска.
Низ улиците на Куманово славеа и коледарите кои поминаа низ главните градски улици, во соборниот храм „Свети Никола“, поделија бадникови гранчиња.
Во средното училиште „Наце Буѓони“ се организираше традиционална заедничка тршеза на Бадник „Празниците зближуваат“ која со години ја организира Отсекот за превенција, на која учениците и наставници од сите средни училишта во коиа наставата се изведува на македонски и на албански наставен јазик, споделија честитки за празникот кој ги зближува младите од различни религии. ам/фф/
Фото: МИА и социјални мрежи