• недела, 07 јули 2024

Чави за Барселона: Среќен сум затоа што сум во најдобриот клуб во светот, критиката ме тера да се подобрам

Чави за Барселона: Среќен сум затоа што сум во најдобриот клуб во светот, критиката ме тера да се подобрам

Барселона, 18 мај 2024 (МИА) - Тренерот на Барселона, Чави проговори за расположението во кое работи во Барселона.

Претходно беше објавено дека претседателот на каталонскиот клуб Жоан Лапорта решил да ја прекине соработката со тренерот на крајот од сезоната.

- Среќен сум затоа што сум во најдобриот клуб во светот. Критиката ме тера да се подобрам. Ништо не се менува кај мене. Нестрплив сум да покажам дека можеме да продолжиме да бидеме конкурентни. Оваа сезона не беше успешна за нас, но убеден сум дека во иднина се може да излезе добро, изјави Чави.

Барселона утревечер од 19 часот го пречекува Рајо Ваљекано.

На две кола до крајот на сезоната во шпанската Ла Лига, Барселона се наоѓа на второто место со 79 бода, далеку зад лидерот Реал Мадрид кој има 93. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан