• сабота, 18 мај 2024

Холандија со нова паметна технологија против расизмот на стадионите

Холандија со нова паметна технологија против расизмот на стадионите
Амстердам, 9 јуни 2022 (МИА) - Три холандски фудбалски клубови започнаа пилот проекти за тестирање на употребата на паметна технологија во борбата против дискриминацијата и расизмот на стадионите, објави Холандската фудбалска асоцијација (КНВБ). Во тек се три проекти на стадионите на Феенорд, ПСВ и Цволе. - По една година треба да откриеме дали и како паметната технологија го поддржува препознавањето на расистичкото однесување и дискриминацијата и дали придонесува за идентификација на инволвираните, се вели во соопштението. ПСВ, на пример, ја тестира употребата на звучни камери на стадионот за, благодарение на вештачката интелигенција, да може да открие „ненормален“ звук, како што е расистички коментар. Во Цволе, навивачите можат да доаѓаат на натпреварите со билети на нивните мобилни телефони, достапни преку мобилна апликација која на навивачите им дава информации во реално време за безбедносните услови околу стадионот. - Други техники, вклучително и вештачката интелигенција, исто така ќе се користат за подобрување на социјалната сигурност на стадионот, соопшти „KNVB“. Пилот-проектите се кофинансирани од Министерството за здравство, социјална политика и спорт, кое во нив има вложено повеќе од еден милион евра. зс/

Остани поврзан