• недела, 29 септември 2024

Хајделберг Факултетот во Скопје главен покровител на првото издание на „Ајде фестивалот“ во општина Аеродром 

Хајделберг Факултетот во Скопје главен покровител на првото издание на „Ајде фестивалот“ во општина Аеродром 

Скопје, 30 август 2024 

На 4 септември ќе се одржи првото издание на „АЈДЕ Фестивал“ во организација општина Аеродром, а чиј главен покровител и поддржувач е Хајделберг Факултетот во Скопје. 

Фестивалот кој ќе изобилува со забава, едукативни и хуманитарни содржини е со почеток од 20 часот во паркот „Васко Карангелевски“ во близина на Хајделберг Факултетот во Скопје. За одлична забава на присутните ќе бидат задолжени DJ Goce (SAF), Пајак, Blackhole band, DJ Tina, Music Lab Concert и Ivan Ajnstajn. 

“АЈДЕ Фестивал” преку богата урбана, музичка и културна програма ќе придонесе за збогатување на културната содржина на Општина Аеродром и Град Скопје. 

Воедно фестивалот предвидува и едукативен дел каде Хајделберг Факултет во Скопје ќе придонесе за збогатување на содржината на фестивалот. 

„АЈДЕ ФЕСТИВАЛ“ воедно сака да прерасне и во платформа на вмрежување на домашните компании со локалното население за што се предвидени штандови на кои граѓаните ќе можат да дојдат до информации за компаниите, како и за потенцијално вработување во истите. 

Фестивалот е инклузивен и хуманитарен, во него учество ќе земат и здруженијата "ВО МОЈ СВЕТ" и АЦТ фондација и ХУМАНИТАРНИ АКЦИИ .МК, но и Општина Аеродром кој безрезервно дадоа своја поддршка кон афирмација на овој уникатен фестивал.

Факултетот пред почетокот на фестивалот ги организира и настаните “Прашај го Цајтел! #ГЕРМАНИЈА_ДОМА! ” – информативен состанок и дружење со претседателот на Управен одбор на Хајделберг Факултетот во Скопје, проф.д-р Улрих Цајтел и идните студенти и нивните родители. 

Покрај дружбата, присутните студенти ќе имаат можност да се пријават и за учество на  “Хакатон за вешти умови” којшто ќе се одржи во месец септември и ќе има за цел пријавените студенти да покажат што знаат преку дружба, смеа и позитивна енергија и да научат многу нови работи. Ќе учествуваат 12 натпреварувачи, 6 од областа на Податоци и компјутерски науки и 6 од областа на Бизнис администрација - банкарство, осигурување и контролинг. 

Во понудата на фестивалот вклучено е и одлично домашно крафт пиво од Темов и германска традиционална кујна како би понудиле на гостите едно поинакво гурманско доживување.

Саемот ќе започне во 18 часот кога присутните од едукативниот настан  “Прашај го Цајтел! #ГЕРМАНИЈА_ДОМА! ” ќе завршат со програмата и ќе се приклучат на штандовите со компаниите. Поставеноста на штандовите ќе трае до 20 часот што претставува временска рамка кога студентите и посетителите на “АЈДЕ фестивал” ќе имаат можност да ги разгледаат содржините понудени од истиот. 

Германска високообразовна установа

Хајделберг институт за бизнис и менаџмент Скопје

ХАЈДЕЛБЕРГ ФАКУЛТЕТ ВО СКОПЈЕ

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: Хајделберг институт за бизнис и менаџмент Скопје

Остани поврзан