• недела, 23 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Сончево со мала до умерена локална облачност, од понеделник врнежи од снег

Сончево со мала до умерена локална облачност, од понеделник врнежи од снег

Скопје, 22 декември 2024 (МИА) - Времето утрово ќе биде студено, а преку денот сончево со мала до умерена локална облачност. Како што соопштија од УХМР, кон крајот на денот и во текот на ноќта облачноста ќе се зголемува. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен до југозападен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 1, а максималната ќе достигне од 4 до 9 степени.

Во Скопје утрото ведро и студено, преку денот претежно сончево и тивко. Кон крајот на денот и во текот на ноќта облачно. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне до 8 степени.

Преодно стабилизирање на времето ќе има утре и потоа преку ноќта.

Од понеделник под влијание на циклонска активност и студен воздух од север ќе започнат нови врнежи претежно од снег, во делови од Повардарието од дожд, особено во западниот дел и на исток каде што во понеделник врнежите ќе бидат пообилни ќе се зголеми и ќе се прошири и снежната покривка. Снег ќе има понекаде и во пониските места. бт/аа/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан