• сабота, 06 јули 2024

Хамес ќе се пресели во Атлетико за 10-15 милиони евра

Хамес ќе се пресели во Атлетико за 10-15 милиони евра
Мадрид, 5 август 2020 (МИА) - Фудбалерот од средниот ред на Реал, Хамес Родригез е близу до трансфер во Атлетико, пренесува „Goal.com“. Според порталот, 29-годишниот Колумбиец ова лето може да се пресели во Атлетико за сума од 10 до 15 милиони евра. Во сезоната 2019/20, Родригез одигра 14 натпревари за Реал Мадрид, постигна еден гол и две асистенции. „Transfermarkt.com“ ја проценува вредноста на играчот на 32 милиони евра. зс/

Остани поврзан