• вторник, 02 јули 2024

Формиран нов зелен коридор во Општина Бутел

Формиран нов зелен коридор во Општина Бутел
Скопје, 11 април 2022 (МИА) - Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, заедно со градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски и директорот на ЈП Паркови и зеленило, Ангеле Сотировски, извршија увид на новоформираниот зелен коридор во населбата Бутел 1. Како што информираат од Град Скопје, градоначалничката Арсовска истакнала дека изминатиот период интензивно се работело на хортикултурно уредување на овој простор кој сега добил нов лик и дополнително зеленило во овој предел од општината, на барање на граѓаните. Арсовска најавила дека во следниот период ќе биде завршен и зелениот коридор во населба Радишани. Градоначалникот на Бутел, Костовски информирал дека се започнува со изградба на два нови паркови и завршување на паркот во населбата Радишани кој е во финална фаза. Директорот на ЈП Паркови и зеленило, Ангеле Сотировски посочил дека претпријатието продолжува со активности за уредување на нови зелени појаси низ населените места во Скопје, на кои се работело етапно, со поставување на нов систем за полевање, нова вегетација, тревници и нови садници и целосно уредување. свс/дма/

Остани поврзан